Таа и тој

 

Љубовно писмо за негоГори сјајот во очите, а нештата не се како што навидум изгледаат. Поминуваш покрај мене и повторно тој сјај, во твоите, во моите очи. Поминуваш и молчиш...

Како се да е кажано, како веќе ништо да немаш да ми кажеш, а ништо не си кажавме. Подобро никогаш да не те сретнев, моиве очи никогаш да не те видеа и никогаш да не ги обземеше тој сјај кој создава болка, сјај кој повредува. Те немам, како што и никогаш не те ни имав впрочем. Ја поминувам истата улица, живеам во истата соба полна илузии и мирис на тебе. До мене допира истата мелодија и ја гледам неа, седната самата со себе си... Ја гаси цигарата, нешто благо се насмевнува, потпевнува, а не и е до песна. Отпива голтка од кафето, ги пишува своите мемоари и и се стркалува солза на лицето. Солзата и ги допира усните, го чуствува нејзиниот солен вкус, ја топи перницата, го мати погледот и ја повредува. По неа се тркала уште една солза, па река од солзи ја задушува предизвикувајќи и паничен напад.

Никој нема да и помогне и никој не може да и помогне. Господинот кој таа би сакала да е покрај неа за да ја теши со прегратка и да ја прекрива со бакнежи, се бори со својата несигурност и неодлучност и молчи, отварајќи и секој миг се поголема рана, создавајќи и секој миг се поголема болка. Господинот неодлучност ја скрши на парчиња нејзината кревка душа и таа знае дека ќе треба време за сето тоа да може да се состави и да постои. Ќе треба време за таа да може да продолжи понатака.

Во меѓувреме својата креативност таа ја насочува градејќи ѕидови наоколу, убивајќи ја смислата на љубовта и уништувајќи ги сите надежи, допушувајќи ја цигарата и отпивајќи уште една голтка од кафето кое Господинот неодлучност обожаваше да го пие со неа... 

И за миг се престанува да постои, а мислите не престануваат да течат, солзите не престануваат да го матат погледот, болката никако не стивнува, а времето не запира...

Напишано од Марија